Франција
ПСЖ не крие дека го сака Меси: Големи играчи како него секогаш се на нашиот список

Лионел Меси е во последните месеци од актуелниот договор со Барселона, а тоа значи дека сите опции се отворени како и можноста да си замине од „Камп Ноу“ по крајот на сезоната.
Еден од клубовите кој во изминативе месеци најчесто се поврзува со Аргентинецот е Пари Сен Жермен. Французите досега не сакаа премногу јавно и искрено да говорат на оваа тема, меѓутоа како што минува времето станува се појасно дека го посакуваат Меси, а најдобар доказ за тоа е последната изјава на спорскиот директор на „светците“.
–Одлични играчи како Меси секогаш ќе бидат на списокот на ПСЖ. Но, секако не е време да се зборува за тоа, или да се сонува за тоа. Ама ние сме седнати на големата маса на оние клубови кои внимателно ја следат работата. Всушност, не, ние сè уште не сме седнати, но нашиот стол е резервиран за секој случај. Четири месеци во фудбалот се вечност, особено во овој период, -рече Леонардо притоа говорејќи за Нејмар и Килијан Мбапе, поточно дали ќе останат во сегашната средина.
-Се надевам дека се убедени дека ПСЖ е добро место во моментов за многу високо ниво и амбициозен фудбалер. Треба само да најдеме договор помеѓу нивните желби, нивните барања, нашите очекувања и нашите средства. Не мора да ги молиме: „Те молам остани“. Се дискутира повеќе од тоа. Оние што навистина сакаат да останат, ќе останат. Ние редовно разговараме и имам добри чувства за овие две прашања, -истакна Бразилецот за „Франс Фудбал“.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 19 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 24 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)
- Репрезентацијапред 23 часа
Антиќ: Не размислувам за оставка, не играме ние на теренот!