Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ му излезе во пресрет на Погба и му понуди добар договор: Французинот пред конечна одлука

Објавено

на

Пол Погба и дефинитивно ќе си замине од Манчестер Јунајтед и таа одлука ја донел пред извесен период кога истата ја соопштил и на дел од неговите соиграчи.

Иако се појавија шпекулации дека ќе го чека Ерик Тен Хаг за да разговара со него околу можното останување на „Олд Трафорд“, сепак тоа нема да се случи и Погба ќе ја промени средината во овој преоден рок.

Најзагреан за него беше тимот на Јувентус од каде не можеа да му излезат во пресрет со финансиските барања и се надеваа дека играчот ќе се согласи за намалување на платата која ја земал во Јунајтед.

Ваквата одлука ќе биде доста потешка за Погба затоа што според „Мирор“ тој веќе добил нова понуда од ПСЖ која ја има истата тежина како договорот од Манчестер Јунајтед.

Имено, францускиот клуб му понудил на Погба плата од 350.000 фунти неделно, нешто што Јувентус не може да му го понуди.

Сега останува на играчот да одлучи дали ќе прифати помала плата и да игра за клубот во кој го воздигна неговот име или ќе се одлучи за поголема плата и ќе оди во клубот од родната Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни