Англија
ПСЖ ќе го донесе фудбалерот кој е прецртан од Антонио Конте

Како што стојат работите, голема е веројатноста од таборот на ПСЖ во јануарскиот преоден рок да ангажираат играч на Тотенхем.
Станува збор за најскапото засилување во историјата на „петлите“, Тангуј Ендомбеле кој е прецртан од страна на Антонио Конте.
Италијанскиот стратег дал зелено светло за продажба на Ендомбеле, а наводно се појавил и заинтересиран тим кој сака да го ангажира.
Според медиумите во Франција, ПСЖ бил заинтересиран за шестмесечна позајмица со право на целосен откуп на неговиот договор по крајот на оваа сезона.
Двата клуба биле во постојана комуникација и голема е веројатноста дека целата зделка ќе биде завршена.
Што се однесува до самиот играч, тој бил подготвен да се пресели на „Паркот на принцовите“ и да го облече дресот на ПСЖ иако во минатото играше за лутиот ривал на „светците“, Лион.
-
Англијапред 23 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 16 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 14 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 21 час
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 16 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 5 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)