Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ ја откри вистинската причина за измената на Меси, со ново појаснување се јави и Покетино

Објавено

на

Француските медиуми кренаа голема прашина за измената која ја изврши Маурисио Покетино во 76-та минута од мечот со Лион, бидејќи аргентинскиот стручњак го извади од игра Лионел Меси.

Големата ѕвезда како и обично, не беше воодушевен од фактот што беше повлечен од игра, но после голем број реакции и претпоставки за извршената измена, ПСЖ ова попладне ја откри вистинската причина за претпазливиот потег на тренерот на „светците“.

Меси нема да настапи на утрешниот натпревар против Мец поради повреда на коленото која ја заработил на мечот со Лион, но засега не се знае точно колку ќе отсуствува од фудбалските терени.

– По ударот кој го доби во левото колено за време на натпреварот, денеска му беше направена магнетна резонанца на Меси и истата потврди дека има оток на коската. Ќе биде извршена нова контрола за 48 часа, – гласи официјалната објава на ПСЖ, по што следеше и ново појаснување од Покетино на пресот кој го одржа попладнево пред заминувањето за Мец.

– Клубот веќе излезе со официјално соопштение за Лео и мислам дека ситуацијата сега на сите е јасна. Ние од клупата видовме дека во неколку наврати си го проверуваше коленото со своите гестикулации со рацете. Воочивме дека не е потребен ризик. Бевме задоволни од неговата партија против Лион и недостасуваше само да постигне гол. Со оглед на тоа што го видовме на теренот, решивме да не ризикуваме и да го повлечеме од теренот. Сфаќам зошто се отвори дебата, станува збор за голем играч, но се што правам, правам за добро на тимот и играчите, – објасни Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни