Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ ја намали негативата, но Лил сам ќе одлучува за титулата во последното коло (Видео)

Објавено

на

Лил не успеа да го победи Ст. Етјен на домашен терен (0:0), но иако ПСЖ со триумфот над Ремс (4:0) ја намали негативата, зависи од резултатот на единствениот ривал за титулата во последното коло на француското фудбалско првенство.

Лил не успеа да постигне гол против незгодниот гостински тим, имаше неколку добри шанси и погоден дирек во последните моменти, но останува со бод предност во пресрет на последното коло. Тоа значи дека со победа Лил ќе ја освои шампионската титула и ќе ја прекине доминацијата на ПСЖ.

Вечерва, клубот од Париз лесно славеше против Ремс, поведе преку Нејмар од пенал, а Мбапе, Маркињос и Кеан ги поставија конечните 4:0.

Монако оствари важна победа над Рен (2:1) и ја задржа предноста во однос на Лион, односно бод позитива на еден натпревар до крајот на сезоната и битката за местото кое води во квалификациите за ЛШ.

Во последното коло Лил му гостува на Анжер кој веќе обезбеди опстанок, додека ПСЖ му гостува на Брест кој ќе се обиде да избегне плеј-аут бараж.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни