Франција
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови

Францускиот првак ПСЖ повторно не успеа да стигне до посакуваниот ефект во Лигата на шампионите, па летово ќе добие нов тренер и ќе помине низ нова сериозна реконструкција на ростерот.
Заминувањето на играчи како Меси и Рамос отвора простор за инвестиции во „свежа крв“, но спортскиот директор Луис Кампос решил целосно да ја менува трансфер стратегијата.
Наместо скапи трансфери, ПСЖ ќе се фокусира на слободни агенти, односно фудбалери кои би пристигнале без отштета, а најавени се дури седум вакви засилувања, тврди угледниот „Лекип“.
Првото е Марко Асенсио, кој досега беше фудбалер на Реал Мадрид и реши да се пресели во Париз и покрај обидот на шпанскиот клуб да го задржи со нов договор.
Единствениот фудбалер кој ќе биде исклучок е Мануел Угарте, за кого францускиот првак е подготвен да му плати 60 милиони евра на Спортинг Лисабон.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 21 час
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава