Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ и Мбапе ќе завршат на суд, францускиот клуб се јави со соопштение

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Правната Комисија во францускиот фудбал побара од ПСЖ да му ги исплати предвидените 55 милиони евра кои му ги должи на Килијан Мбапе, но откако двете страни не пронајдоа заеднички јазик за да го решат проблемот, цела оваа ситуација ќе заврши на суд.

ПСЖ одби да му ги исплати последните три плати на новиот играч на Реал Мадрид и уште низа бонуси од последната година одработена од договорот, а бидејќи двете страни не успеале да најдат заеднички јазик ова попладне, пристигна вест која вели дека ќе се бара разрешница на повисоки инстанци.

На крајот, врската меѓу ПСЖ и Мбапе ќе заврши на суд, а проценката на медиумите е дека парницата може да се влече низ судовите со години.

ПСЖ како клуб имал право да го одбие барањето од правната Комисија на Франција, потенцирајќи дека и фудбалерот не исполнил дел од барањата кои ги имале од него во изминатите седум години.

– Одлуката која ја имавме добиено од Правната комисија ги немаше согледано сите аспекти на случајот и истата мора да биде преиспитана од надлежен суд. ПСЖ со добра волја ќе ги презентира сите докази и документи кои ги има во наредните месеци, или години.

– Фудбалерот имаше јасни обврски кон клубот кои мораа да бидат испочитувани со оглед на сите бенифиции кои ги доби кај нас во изминатите седум години. Клубот се радува што ќе може да ги изнесе одговорите пред надлежен суд, особено во ситуација кога Мбапе продолжува да прави нешто што е штетно за неговата репутација, – гласи соопштението испратено од ПСЖ до угледниот шпански весник „АС“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни