Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го реши тренерското прашање, ќе плати 10 милиони за трансферот

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ веќе го решил тренерското прашање и наскоро ќе го промовира наследникот на Маурисио Покетино.

Досегашниот тренер е пред заминување бидејќи го разочара раководството на клубот, а ПСЖ денеска постигнал договор со Ница за преземање на Кристијан Галтие.

„Лекип“ тврди дека Ница ќе заработи повеќе од солидни 10 милиони евра бидејќи ќе му дозволи на Галтие да се пресели во Париз, додека за ПСЖ ова ќе биде уште еден дополнителен трошок, заедно со отштетата која ќе му биде исплатена на Покетино.

ПСЖ до четврток ќе го објави заминувањето на Покетино и неговиот стручен штаб, за нешто подоцна да го потврди Галтие.

Најголем успех на овој француски стручњак е освојувањето на шампионската титула со Лил пред две сезони, кога овој тим зад себе ги остави токму ПСЖ и Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни