ПСЖ го понижи Монако и ја потврди титулата во Франција (Видео)

dimaria-cavani

ПСЖ и Монако одиграа натпревар во француското првенство кој требаше да биде дерби, а наместо тоа заврши со резултат 7:1 во корист на домаќините.

Составот на Унај Емери го понижи големиот ривал со навистина убедлива победа, а со тоа и математички го потврди освојувањето на титулата во француското првенство.

Серијата ја отвори Ло Селсо во 15. минута, а до крајот покрај неговиот втор гол, во листата на стрелци два пати се запиша и Ди Марија, а по еднаш Кавани, Дракслер и Фалкао кој постигна автогол. Единствениот гол за тимот од кнежевството го постигна Рони Лопес уште во првиот дел.

За ПСЖ ова е седма титула и петта во последните шест сезони во француската прва лига.

ПСЖ – Монако. Обзор матча. Франция. Лига 1 2017/18. 33 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Facebook Коментари