Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го откупи договорот на едно летно засилување, Луис Енрике го пофали потегот

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Францускиот првак ПСЖ реши порано од очекуваното да го откупи договорот за целосен трансфер на едно од квалитетните летни засилувања.

Се работи за Гонсало Рамош, фудбалер за кој Бенфика ќе добие фиксни 65 милиони евра, плус евентуални 15 милиони евра во вид на различни бонуси.

ПСЖ реши да реагира експресно и уште во текот на сезоната да го исплати португалскиот тим, со што Рамош сега официјално е член на францускиот тим до 2028 година.

Клубот ја потврди информацијата, а тренерот Луис Енрике изјавил дека е среќен поради овој потег.

– Ова е одлична вест која ме прави среќен, бидејќи Рамош е одлично момче и одличен фудбалер со многу квалитети. Тој е фудбалер со блескава иднина, може да се адаптира на различни ситуации на теренот, среќен сум што клубот ја искористи опцијата за откупување на договорот уште сега, – рекол шпанскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни