Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ го освои театарот на соништата и направи драма во групата, Барселона и Јувентус остварија рутински победи (Видео)

Објавено

на

blank

Францускиот шампион ПСЖ успеа да оствари многу важна победа на „Олд Трафорд“ и приреди неверојатна драма во групата Х, во која „светците“, Манчестер Јунајтед и Лајпциг во последното коло ќе одлучуваат кои два тима ќе патуваат во осминафиналето бидејќи сите три тима имаат по девет бода.

Актуелниот европски вицешампион го заврши најтешкиот дел од работата на театарот на соништата, но пред избраниците на Томас Тухел преостанува оној најважниот, кој иако на хартија изгледа далеку полесен, сепак фаворитската улога ќе треба да се оправда на теренот.

ПСЖ во последното коло со победа на отпишаниот Башакшехир на домашен терен ќе си осигура пласман меѓу 16-те најдобри, додека Лајпциг и Манчестер Јунајтед треба да се решаваат во директен дуел кој ќе се игра во Германија. Што се однесува до денешната пресметка на „Олд Трафорд“, ПСЖ на крајот сосема заслужено освои три бода и се реваншираше за поразот во првиот меч со „ѓаволите“, откако тимот на Тухел беше поефикасен и ги искористи своите најдобри шанси.

Резултатот го отвори Нејмар уште во раната фаза за водство од 0:1, но до крајот на првиот дел, Јунајтед со доста среќа се врати во игра со погодокот на Рашфорд. На стартот на вториот дел, Јунајтед не искористи две фантастични шанси преку Марсијал кој промаши празен гол и Кавани кој ја погоди гредата, по што ПСЖ се разбуди и почна да притиска на противничката половина.

Таквиот пристап вроди со плод во 69-та минута, кога по една мешаница, Маркињос беше на вистинско место во вистонско време за 1:2. Во следниот напад, Фред доби црвен картон кој веројатно требаше да му биде покажан уште во првиот дел, а со ваков распоред на силите, Нејмар во судиското надополнување само ги постави конечните 1:3.

На останатите средби, Барселона со комбиниран тим одново славеше лесно на гостувањето кај Ференцварош со 0:3, а идентична победа на домашен терен над Динамо Киев оствари и Јувентус.

Борусија Дортмунд и Лацио одиграа реми 1:1, Клуб Бриж го надигра Зенит со 3:0, додека Жиру ја одбележа средбата во Севилја и го декласираше шпанскиот тим со четири постигнати гола за конечни 0:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни