Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го освои Купот на Франција, Мбапе со патерици се појави на теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен е освојувач на Купот на Франција и тоа откако вечерва во финалето на „Стад Де Франс“ славеше над Сент Етјен со 1-0.

Голот вреден титула за тимот од француската престолнина беше постигнат во раната фаза и тоа во 14 минута преку Нејмар. Сепак оваа титула, победа на „светците“ е во сенка на повредата на младиот Килијан Мбапе кој мораше да го напушти теренот уште во првиот дел по еден старт на капитенот на гостите Лоик Перан.

Капитенот на Сент Етјен крвнички го „собра“ Мбапе, Килијан со солзи во очите го напушти „Стад Де Франс“ (ВИДЕО)

Тој во солзи во очите замина во соблекувалните што секако може да е знак дека е нешто сериозно. Мбапе потоа се врати на теренот за да ја прослави титулата, ама со патерици и бандажиран, фиксиран зглоб, па останува да видиме што ќе кажат деталните медицински прегледи и дали тој ќе биде во состојба да игра за ПСЖ во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни