Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го официјализираше Витиња, сега тргнува уште по две засилувања

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ предмалку го официјализирашеангажманот на Витиња кој пристигнува од редовите на Порто.

Клубот од „Драгао“ за продажбата на својот играч ќе искешира сума од околу 40 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред се обврза на петгодишен договор кој ќе му заврши во 2027 година.

Витиња е првото засилување во ерата на новиот спортски директор на клубот Луис Кампос кој сега ќе влезе во потрага по нови засилувања.

Според најавите нови имиња кои ќе го облечат дресот на францускиот гигант се Милан Шкринијар од Интер и Ренато Санчес од Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни