Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го обезбеди потписот на голем француски талент

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ успеа да го задржи Килијан Мбапе, а според француските медиуми ќе го добие потписот и на уште еден фудбалер кој е сметан за најголем потенцијал во својата генерација.

Се работи за Иго Екитике, 20-годишенн фудбалер на Реимс, кој инсистирал на трансфер во ПСЖ иако за него беа заинтересирани и други европски клубови.

Екитике не сакал ни да слушне за трансфер во Њукасл, кој беше најконкретен во понудите, а и од кого повеќе ќе профитираше Реимс.

Младинскиот репрезентативец на Франција сонувал да го носи дресот на ПСЖ и се чини дека ќе има можност да стигне до ваква шанса, откако клубовите ќе се договорат за трансфер сумата.

Екитике постигна 11 гола на 27 натпревари минатата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни