Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го изигра Реал Мадрид, па потврди последно летно засилување по истекот на преодниот рок (Фото)

Објавено

на

ПСЖ не одговори на ниту една понуда од Реал Мадрид и на тој начин со игнорантски однос го задржа Килијан Мбапе во својот тим, но пред самиот истек на летниот преоден рок, „светците“ комплетираа уште една операција и донесоа голем португалски талент.

Маурисио Покетино во новата сезона ќе смета и на суперталентираниот Нуно Мендеш кој доаѓа од редовите на Спортинг Лисабон, зделка според која младиот лев бек ќе игра во Париз на едногодишна позајмица, а потоа ПСЖ ќе може да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Нуно има само 19 години и ги мина сите младински категории на Португалија, што беше доволно привлечно за ПСЖ да го ангажира во своите редови и да му даде шанса во сезоната во која „светците“ го имаат најсилните и најѕвезден тим во Европа.

– ПСЖ со огромно задоволство го потврдува ангажманот на Нуно Мендеш. Португалскиот лев бек доаѓа на позајмица, со опција да биде купен од Спортинг Лисабон до 30-ти јуни 2022-ра година, – гласи објавата која ја пренесе ПСЖ 40 минути по полноќ.

И покрај тоа што потврдата пристигна по завршувањето на летниот преоден рок, цела документација била средена навреме, со тоа што Пабло Сарабија е испратен на спротивната страна во редовите на Спортинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни