Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го договорил првиот трансфер за ова лето

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ направи голема работа со задржувањето на Килијан Мбапе, но летово планира да доведе и нови засилувања.

Првото очигледно ќе дојде од редовите на Порто, бидејќи француските и португалските медиуми тврдат дека трансферот на Витиња во ПСЖ е завршена работа.

Трансфер сумата изнесува 40 милиони евра, а 22-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор.

Витиња кратко настапуваше на заем во редовите на Вулверхемптон, а минатата сезона одигра 47 натпревари во дресот на Порто.

Двата клуба наскоро ќе го официјализираат трансферот, кој ќе биде и прв на новиот спортски директор Луис Кампос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни