Поврзете се со нас

Италија

ПСЖ го договорил Донарума, Раиола обезбеди поголема плата од најавената за голманот

Објавено

на

ПСЖ ги финализира деталите за ангажманот на Џанлуиџи Донарума и наскоро италијанскиот голман може да биде потврден како нов член на францускиот вицешампион.

Ова вечерва го најавија повеќе италијански новинари, вклучувајќи го Џанлука Ди Марцио, кои навестуваат дека спортскиот директор Леонардо веќе има договор со Мино Раиола, кој го претставува Донарума.

Не само што ПСЖ ја доби битката со другите заинтересирани клубови, туку Раиола очигледно осигурал уште поголема плата за голманот од таа што претходно беше најавена.

Донарума ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува по 12 милиони евра во секоја од петте сезони минати во Париз, а доаѓа без отштета откако му истече договорот со Милан.

Јувентус очигледно реши да го задржи Војчех Шчесни како свој прв голман и да инвестира на друга позиција во тимот, додека Барселона не можеше финансиски да му парира на ПСЖ, а покрај тоа го има и одличниот Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни