Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го чека новиот тренер како „Дедо Мраз“, Тухел ќе се наполни пари од отштетата! (Фото)

Објавено

на

ПСЖ направи радикален чекор во текот на вчерашниот ден, па во моменти кога никој не очекува, воочи католичкиот Божиќ, му врачи отказ на својот тренер Томас Тухел.

Германскиот стручњак подолго време се наоѓаше под притисок и имаше нарушен однос со спортскиот директор Леонардо, а по се изгледа, Бразилецот на крајот ја доби битката и ги убеди раководните луѓе да му врачат отказ на германскиот стручњак кој го загуби кредибилитетот, само неколку месеци по историското финале во Лигата на шампионите.

Оваа вест одекна како „бомба“ во Франција, но оттаму ни пристигнуваат и најновите најави, кои велат дека ПСЖ веќе започнал преговори со Маурисио Покетино, стручњак за кого „Лекип“ вели дека се чека како „Дедо Мраз“ во француската престолина со оглед на тоа што е најзвучното тренерско име кое кое се поврзува за преземање на одговорната функција.

Поранешниот менаџер на Тотенхем долго чекаше вистински проект и се чини дека само прашање на време е кога ќе се договори со богатите предводници на европскиот вицешампион, кој од друга страна пак, ќе мора добро да го обесштети Тухел без оглед на тоа што договорот му истекуваше на крајот од сезоната.

Со оглед на нарушените односи, Тухел нема да сака да попушти ниту за едно евро, а угледните медиуми и новинари информираат дека Германецот добро ќе се опари и ќе мора да добие отштета од 6 или 7 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни