Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел

Објавено

на

Foto:instagram.com/sekofofana

Пристигнувањето на Луис Кампос значеше и старт на посериозните операции во редовите на ПСЖ, клуб кој се обиде да донесе големо засилување и без спортски директор, но сепак безуспешно.

Актуелниот француски шампион водеше жестока битка да го добие Орелијан Чуамени од редовите на Монако, но сензационалниот играч за врска на крајот реши да го одбие ПСЖ и да направи голем трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Флорентино Перез беше горд на прес-конференцијата што Чуамени го избрал Реал пред ПСЖ и нагласи дека доаѓа во најголемиот клуб во светот, зборови кои беа и своевидна провокација со оглед на пропаднатата зделка со кога сите го гледаа Мбапе во белиот дрес на мадридскиот великан.

ПСЖ ја доби битката за Мбапе, Реал онаа за Чуамени и Камавинга минатото лето, па како што јавува „Лекип“, Кампос го тргнал ова настрана и го активирал планот Б за носење на вреден играч за врска кој исто така беше многу добар во француската Лига 1.

Станува збор за Секо Фофана од редовите на Ленс, 27-годишен играч за врска кој не пропушти ниту еден натпревар во француската елита изминатава сезона. Фофана ги одигра сите 38 натпревари и постигна осум погодоци во Лига 1, што е доволно добра препорака за трансфер во најсилниот тим во земјата. Како што јавува „Лекип“, ПСЖ подготвил понуда вредна 30 милиони евра за фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска и се верува дека ќе го „претрка“ Арсенал и Њукасл во обидот да ги осигура неговите услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни