Франција
ПСЖ едвај победи без Покетино, Курзава ги засени ѕвездите од нападот (Видео)

Неколку дена по освоениот трофеј во Суперкупот, играчите на ПСЖ на теренот покажаа дека има последици од акумулираниот замор, па вечерва апсолутниот фаворит за титулата едвај победи на гостувањето кај Анже.
Тимот од стадионот „Рејмод Копа“ бележи фантастична сезона и тоа го потврди денеска кога максимално добро му парираше на моќниот ПСЖ, а доказ за тоа се и сите статистички податоци од мечот кои велат дека домашниот тим имаше речиси идентичен број на обиди за гол како тимот од престолнината.
ПСЖ на овој меч не можеше да смета на својот нов тренер Маурисио Покетино кој е во изолација поради позитивен тест на Ковид 19, а во негово отсуство и во отсуство на реализација на играчите во нападот, неочекуван херој беше Лејвин Курзава.
Левиот бек на „светците“ ја направи главната разлика на натпреварот со кој беше затворена саботната програма во Лига 1, а по кој ПСЖ за момент го презема врвот на табелата пред Лион кој утре игра против Мец.
Курзава го постигна единствениот гол на 20 минути пред крајот на средбата, а тоа се покажа како доволно за освојување на важни три бода во битката за титулата.

- Шпанијапред 21 час
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Англијапред 23 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- Германијапред 24 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- АТПпред 19 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Шпанијапред 21 час
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Шпанијапред 8 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Англијапред 22 часа
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне