Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ е заинтересиран за напаѓачот на Аталанта

Објавено

на

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е заинтересиран за играчот на Аталанта и нигериски репрезентативец Адемола Лукман, пренесуваат италијанските медиуми.

ПСЖ наводно постигнал договор со Лукман кој во редовите на францускиот шампион треба да заработува 4,5 милиони евра нето по сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу претставниците на двата клуба се во тек, бидејќи Аталанта бара отштета од 40 милиони евра за нигерискиот фудбалер.

Лукман (26) е член на Аталанта од 2022 година, а претходно играше за Лестер, Фулам, Лајпциг, Евертон и Чарлтон. Нигерискиот фудбалер има договор со Аталанта до 30 јуни 2026 година.

Тој минатата сезона одигра 45 натпревари за клубот од Бергамо и постигна 17 гола, а со Аталанта ја освои и Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни