Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ е отворен за трансфер на Роналдо: Имаме наши приоритети, ама…

Објавено

на

Кристијано Роналдо од 2018 година го носи дресот на калчолигашот Јувентус, но тоа во блиска иднина може да се промени или така барем велат информациите на дел од најпознатите европски медиуми.

Според истите извори Јувентус веќе наводно размислува за продажба на Португалецот кој во февруари ќе наполни 36 години. Со оглед на неговите високи примиња, но и фактот дека има договор до летото 2022 токму наредната година може да биде добра можност за калчологашот за да заработи на најголемата ѕвезда.

Од таборот на италијанскиот шампион се уште немаат коментар за ваквите вести, ама затоа веќе ПСЖ се огласи и остави простор за ангажман на напаѓачот кој во изминативе 10-15 години е на самиот врв на светскиот фудбал.

-Денес во фудбалот не знаеме што ќе се случи. Можеби утре Кристијано Роналдо ќе с еразбуди и ќе каже дека сака да одам да игра на друго место. Кој може да го купи? Тоа е затворен круг. ПСЖ влегува во овој круг. Обично станува збор за можности, ситуации. Трансфер периодот, мора да се подготвиме за тоа и тоа е она што го правиме. Имаме наши приоритети, наши списоци, но може да се случи нешто непредвидливо, -истакна спортскиот директорт на светците, Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни