Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ е лидер според бројот на додавања во Европа

Објавено

на

Француски ПСЖ е број еден во статистичката анализа за европски екипи со најголем просек на испорачани додавања по натпревар.

Во предвид се земени натпреварите од 32 европски лиги со натпреварите одиграни до 8. септември, а ПСЖ е број еден со просечни 738 додавања на секој одигран натпревар.

Зад ПСЖ се Шахтјор (730), Селтик (708), Манчестер Сити (703) и Ајакс (699).

Украински Шахтјор е лидер според процентот на додавања реализирани на противничката половина (67,6%), а Манчестер Сити е на второто место со дури 60 проценти од додавањата на противничката половина.

Посебна категорија се успешните/точните додавања, а таму на врвот се ПСЖ и Лацио со 92,2%, а над 90 проценти се и Шахтјор, Селтик, Манчестер Сити и Олимпик Марсеј.

Од екипите во регионот кои влегле во анализата, најдобро пласиран е Динамо со просечни 690 додавања на натпревар, од кои 85,6% биле успешни, а 54,2% реализирани на противничката половина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни