Лига на шампиони
ПСЖ доби екстра одмор од федерацијата, Луис Енрике се пожали дека имал досаден викенд

ПСЖ добива максимална поддршка од Француската фудбалска федерација и Лига 1 во обидот да стигне што подалеку во Лигата на шампионите, па доби можност за одигрување на дуелот со Нант во друг термин.
Францускиот првак викендов требаше да се сретне со „канаринците“, но наместо тоа доби слободен викенд и можност стручниот штаб и фудбалерите да се фокусираат на реваншот од четвртфиналето со Астон Вила.
Факт е дека ПСЖ ќе влезе поодморен на дуелот со премиерлигашот, но Усман Дембеле и тренерот Луис Енрике признале дека не се навикнати на вакви ситуации, па им било малку досадно за време на викендот.
– Одморот веројатно ќе има позитивен ефект, но да бидам искрен викендов ми беше малку досадно, – рекол Дембеле.
– Усман кажа дека му било досадно? И јас се чувствував така, – дополнил расположениот Луис Енрике.
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Италија24 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија14 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони18 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…