Поврзете се со нас

Свет

ПСВ одреди жестока казна за хулиганот кој го нападна голманот на Севилја

Објавено

на

ПСВ Ајндховен реши да му додели жестока казна на хулиганот кој влета на теренот за време на дуелот со Севилја и иницираше физичка пресметка со голманот Марко Дмитровиќ.

Српскиот голман доби удар од зад грб, по што умешно го скроти напаѓачот, а за ваквиот потег, таканаречениот навивач доби забрана за присуство на стадионот во наредните 40 години.

20-годишното момче веќе било казнето со забрана за присуство на стадионите во Холандија, но некако успеало да се најде на трибините на дуелот од Лига Европа, па сега доби дополнителна казна од ПСВ.

Обвинителството исто така го изведе и пред суд, а таму добил тримесечна затворска казна поради нападот над Дмитровиќ.

ПСВ објави дека навивачот искористил билет купен од пријател за да влезе на „Филипс“ стадионот, бидејќи самиот не може да купи билет поради изречената казна од федерацијата да не смее да влезе на фудбалски стадион во Холандија до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни