Поврзете се со нас

НБА

Првпат во историјата: Три екипи се борат за врвот на Западот, Денвер е во најлоша позиција

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Неочекуваниот пораз на Денвер од Сан Антонио во драматичната завршница која утринава ја приредија двете екипи, израмни три екипи во борбата за првото место во Западната конференција во НБА лигата.

Првпат во историјата на лигата, три екипи имаат ист ефект по 81 натпревар и имаат идентични шанси да го освојат првото место во својата конференција.

Денвер беше на пол-позиција на две кола до крајот и ќе беше многу блиску до потврда на првото место ако го победеше најслабиот тим на Западот, но Никола Јокиќ и соиграчите испуштија предност од 23 поени и прокоцкаа победа на гостувањето во Тексас.

Истовремено, Минесота и Оклахома Сити остварија очекувани победи, па сега се во подобра позиција во пресрет на последното коло од регуларниот дел од сезоната. Со оглед на фактот дека екипите се од иста дивизија, се смета меѓусебниот дуел на трите екипи.

Денвер утре му гостува на Мемфис и иако ќе биде голем фаворит, сега не решава сам за конечниот исход и може да го освои првото место само ако Минесота и Оклахома Сити загубат против Феникс, односно Далас. Доколку сите три екипи победат, Оклахома Сити ќе го освои првото место пред Минесота, а Денвер ќе биде само трет на табелата.

Комбинации ако утре две од три екипи победат:

Оклахома Сити и Минесота да победат, Денвер да загуби
1. Минесота 2. Оклахома Сити 3. Денвер

Оклахома Сити и Денвер да победат, Минесота да загуби
1. Оклахома Сити 2. Денвер 3. Минесота

Минесота и Денвер да победат, Оклахома Сити да загуби
1. Минесота 2. Денвер 3. Оклахома Сити

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни