Првото големо засилување за тимот на Бекам, Интер Мајами ќе пристигне од Манчестер Сити

bekam-saat

Во јавноста на големо се шпекулира кое ќе биде првото големо засилување кое ќе пристигне во новоформираниот тим на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Јасно е дека Бекам ќе ја искористи својата популарност и во клубот ќе привлече фудбалери со светско реноме, а јавноста се повеќе шпекулира со имиња за тоа кој прв ќе го облече дресот на клубот од Флорида.

Најчесто споменувано име беше Единсон Кавани, но сега се верува дека прв во клубот ќе пристигне шпанскиот интернационалец од Манчестер Сити, Давид Силва.

Потврдено од поодамна е дека Силва по крајот на оваа сезона ќе стави крај на деценискиот престој на „Итихад“, па се верува дека Бекам ќе стори се за да го донесе во своите редови.

Facebook Коментари