Поврзете се со нас

Македонија

Прволигашот ќе добие нов тренер: Брера Струмица ја прекина соработката со Џовани Валенти

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Италијанскиот стратег, Џовани Валенти нема повеќе да го води македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев Брера Струмица.

Управата на клубот одлучи да се ослободи од Валенти кој беше на чело на екипата од јуни годинава и на вкупно 17 натпревари имаше учинок од 5 победи, 5 нерешени и 7 порази.

Последниот негативен резултат беше забележан против Работнички во Скопје (1-0) по што беше решено Валенти да се ослободи од обврските и да се почне потрага по нов стратег.

Струмичани со 20 бода се наоѓаат на 8. позиција на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни