Поврзете се со нас

Италија

Прво зимско засилување за „росонерите“: Милан се пофали со потписот на Вокер (ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Екипата на Милан и официјално го потврди потписот на англискиот репрезентативец Кајл Вокер.

Дефанзивецот побара да си замине од Манчестер Сити, па премиерлигашот му ја исполни желбата и му овозможи трансфер надвор од островот и тоа во италијанскиот великан.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната по која Милан ќе има опција да го откупи договорот. Ова за Вокер ќе биде прво искуство надвор од Англија каде настапуваше за Шефилд Јунајтед, Нортемптон, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Астон Вила и Манчестер Сити каде играше од 2017 година и ги освои сите можни титули, а воедно и беше капитен на екипата.

Тој во „црвено-црните“ ќе го носи дресот со бројот 32.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни