Поврзете се со нас

Македонија

Прво зимско засилување: Дефанзивецот Илиески е нов член на Струга

Објавено

на

Дефанзивецот Дарко Илиески е нов член на македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум.

Илиески во изминатиов период беше дел од словенечки Копер, но одлучи да се врати дома и да потпише за екипата на Струга.

Ова е прво зимско засилување за тимот предводен од тренерот Захариевски, а клубот најави и други имиња во наредниот период. Инаку Илиески има 24 години, претходно има настапувано за уште неколку екипи од домашната сцена, но го има носено и дресот на ерменски Ширак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни