Прво заминување: Барселона почна со чистење на своите редови

barsa

Екипата на Барселона по ангажманите на Филипе Кутињо и Џери Мина се фрли во акција за ослободувањето на играчите кои не му се потребни на тренерот Ернесто Валверде.

Денеска каталонците официјално потврдија дека е постигнат договор со лидерот во турскиот шампионат Башакшехир за Арда Туран. Туран воопшто сезонава не беше во плановите на Валверде, тоа му беше посочено и во летниот преоден рок, меѓутоа тој реши да остане уште една полусезона и да се обиде да се наметне.

Тоа не се случи, па тој во наредните две ипол години ќе биде на позајмица во клубот од Истанбул. За тој период Барса ќе добие одредена сума (бонуси) во зависност од неговите настапи, но лидерот во Примера исто има опција да го стави Турчинот на трансфер пазарот.

Од друга страна пак Башакшехир има можност да го откупи неговиот договор. Арда за Барса одигра 55 натпревари и освои 6 трофеи.

Facebook Коментари