Прво славје за ветеранот во Лондон: Федерер ја потврди фаворитската улога против Беретини (Видео)

federer

Рожер Федерер ја запиша првата победа во групата Бјорн Борг на АТП завршниот турнир кој се игра во О2 арената во Лондон.

Швајцарецот го тргна на страна изданието и поразот од Доминик Тим и со сигурна игра го надигра младиот Маето Беретини со 2-0 во сетови со 7-6(2) и 6-3. Средбата траеше 78 минути и во истата видовме само два брејка и тоа во второт сет кои беа дело на Федерер.

За популарниот Федекс ова беше второ славје во меѓусебните дуели со Италијанецот или вкупно 58 победа на овој турнир на кој е најуспешен со вкупно шест титули.

Во вториот меч од оваа група од 21 часот се среќаваат Ѓоковиќ и Тим.

Facebook Коментари