Поврзете се со нас

Шпанија

Прво освестување од Дон Карло: Анчелоти образложи зошто викал по своите фудбалери

Објавено

на

Карло Анчелоти најави дека неговиот тим експресно ќе реагира по неочекуваното реми со Осасуна во Примера, а иако тоа беше исполнето, Дон Карло за првпат го видовме во нервозно издание од стартот на сезоната.

Тоа се случи во моментите кога Реал прими гол за 2:1 пред крајот на првото полувреме на натпреварот против Шахтјор, по што Анчелоти откри дека барал прво освестување од своите играчи во соблекувалната за време на паузата од 15 минути.

– Задоволен сум од остварената победа, блиску сме до остварување на целта и пласман во наредната фаза. Не ми се допаѓаше тоа што го намаливме интензитетот пред крајот на полувремето и сакав играчите да ме слушнат.

– Овие натпревари и резултатот 2:0 е најопасен, изгледа дека е готово, но не е така. Кога водат 2:0, играчите често знаат малку да се опуштат и да прават еден спринт помалку. Тоа ни се случи на крајот на првиот дел и им ставив до знаење на играчите дека треба да се поправат.

– На полувремето побарав од играчите да бидат покомпактни и да не мислат дека работата е лесна и завршена. Одговорија позитивно, создадовме многу шанси за гол, но не бевме ефикасни. Мислам дека следната седмица против Шахтјор ќе имаме шанса да ја завршиме работата кога е пласманот во осминафиналето во прашање, па после ќе може повеќе да се насочиме на Ла Лига до почетокот на мундијалот, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни