Поврзете се со нас

Велосипедизам

Прво интервју на велосипедистот кој живее „втор живот“, девојката го препознала по веѓите и трепките (Видео)

Објавено

на

Првата етапа на велосипедската трка во Полска ни понуди еден ретко виден хорор, а речиси пет месеци по неверојатниот инцидент по кој вистинско чудо беше како Фабио Јакобсен остана жив, сега за првпат беше направено опширно интервју со холандскиот велосипедист.

Непосредно по страшната спринт завршница во која беше непрофесионално оттурнат од својот сонародник Гронвеген, Јакобсен откри дека животот му го спасиле лекарите со петчасовната операција, но денеска за првпат откри детали од болницата во Полска, а во интервјуто се приклучи и неговата девојка Делоре која открива дека го препознала само по трепките и веѓите.

Јакобсен се заби во конструкцијата пред финишот, а сега самиот сведочи дека покрај добрата работа на лекарите, клучен за тоа што денеска дава изјава е и човекот кој се нашол зад оградата, а во кого всушност се одби при страшниот инцидент.

– Луѓето кои први пријдоа и ми укажале помош се многу важни, потоа оние кои ме оперираа, но и човекот кој се најде зад оградата, човекот во кого се удрив. Тој снимаше зад оградата и тој за мене беше како човечки амортизер. Ако не беше тој таму, со цела сила ќе се удрев во железната конструкција од финишот и најверојатно немаше да бидам тука да го давам интервјуво, – вели Јакобсен.

– Не знаев што се случи, дури третиот ден дознав дека сум загубил два дена од животот, кога се разбудив од кома. Операцијата траела пет часа, не се сеќавам на ништо од ударот до моментот кога го исклучиле респираторот. Кога дојдоа моите родители и девојката Делоре, тие ми открија дека сум се забил во оградата за време на спринтот, – додава Јакобсен, а потоа се надоврзува неговата девојка.

– Неговото лице беше деформирано. Го препознав само по неговите веѓи и трепките. Насекаде имаше конци и модринки. Главата му беше избричена, имаше огромна модрица на главата каде имаше добиено удар и имаше цевка за да се исцеди мозочната течност. Во устата немаше заби, немаше половина од непцето и дел од вилицата. Му се гледаше и внатрешноста на носот, – открива Делоре, а за крај Јакобсен открива дека сега изгледа многу подобро и покрај сите тешки повреди.

– Имав контузија на мозокот, скршен череп, скршен нос, искинато непце, десет искршени заби, делови од горната и долната вилица ми недостасуваа, расекотини по лицето. Скршен палец, контузија на рамото, погоден ми беше и нервот за гласните жици, имав скршеници и на задникот. Тоа беше мојот лекарски извештај, поради повредите на задникот, не можев да седам четири седмици. Сега не изгледам толку лошо. Се уште имам расекотина на усната поради ударот во билбордот и мојот нос изгледа како да сум се тепал со Мајк Тајсон. Имав 80 конци само на непцето, ми земаа коскено ткиво од карлицата и го ставија во вилицата. Следниот февруари одново ќе имам операција. Веќе ставив импланти за обнова на забите, тој процес ќе потрае и следната есен одново ќе имам заби, – завршува Јакобсен кој вели дека ужива во својот „втор живот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни