Поврзете се со нас

Свет

Прво име на натпреварот: Димитријевиќ најдобар стрелец против Руна

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше најефикасен играч на средбата меѓу Уникс Казањ и Руна Москва која се одигра во ВТБ лигата.

Плејмејкерот беше прво име на теренот со 23 поени на кои додаде уште 6 скокови, 6 асистенции и 3 украдени топки, но и покрај оваа негова партија актуелниот првак доживеа пораз на домашен терен со 86:83.

Избраниците на Перасовиќ имаа доста проблеми на овој дуел, постојано беа чекор, два зад противникот и сосема заслужно го загубија овој дуел, поточно го претрпеа вториот пораз во натпреварувачката 2023/2024.

Дури шест играчи кај гоститите беа двоцофрени, најефикасен беше Тајс со 14 кошеви и 9 скокови.

Парма Перм е нареден ривал на Уникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни