Поврзете се со нас

Свет

Прво го шокираа Алжир, а сега го елиминираа Мали од Купот на Африкански нации (ВИДЕО)

Објавено

на

Познати се сите парови за четвртфиналето на Купот на Африкански нации со тоа што последниот билет го обезбеди селекцијата на Екваторска Гвинеја.

Имено оваа селекција иако важеше за аутсајдер успеа да го елиминира Мали и тоа по изведувањето на удари од 11 метри. Во регуларниот дел немаше голови, мрежите мируваа и во продолженијата што значеше дека пеналите ќе го дадат ривалот на Сенегал во наредната фаза.

Супер возбудлива беше серијата, беа изведени 16 удари од белата точка по кои аутсајдерот со 6-5 се избори за триумф со кој само потврди дека е најпријатното изненадување на турнирот.

Имено оваа селекција во групната фаза го победи и Алжир што доволно говори за желбата, страста да се носи овој дрес и да се претстави државата во најдобро светло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни