Поврзете се со нас

Шпанија

Првиот тренинг ќе го има вечерва: Севилја експресно доби нов тренер!

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Севилја минува низ турбулентен период во оваа сезона, па раководството на клубот се одлучи да се раздели со тренерот Хулен Лопетеги.

Клубот од Андалузија се реши да реагира и да проба да ја размрди екипата по катастрофалниот страт и веќе го назначи наследникот на Лопетеги-тоа е Хорхе Сампаоли. Се работи за добро познато име на „Рамос Санчез Писхуан“ затоа што го водеше тимот во натпреварувачката 2016-2017.

Аргентинецот се обврза на договор до 30 јуни 2024 година, а првиот тренинг, средба со играчите ќе го има веќе вечерва од 18:30 часот.

Сампаоли и стана познат на пошироката јавноста по одличните резултати со селекцијата на Чиле по што следуваа ангажмани во Севилја, беше предводник на Аргенттина, Сантош, Атлетико Минеиро и Олимпик Марсеј каде работеше од 2021 до 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни