Поврзете се со нас

Македонија

Првиот тим на Еурофарм сигурен во „братската пресметка“, Вардар рутински против Тинекс Пролет

Објавено

на

Вардар наиде на доста посериозен тест од тоа што се претпоставуваше ова попладне во ракометниот плејоф, но македонскиот првак го задржа максималниот ефект и успеа да оствари триумф над Тинекс Пролет.

По фуриозниот старт и водството од 9:4, избраниците на Алушовски подзастанаат во последните минути од првото полувреме и му дозволија на гостинот да дојде до прифатлива негатива од 15:13, а играчите на Тинекс Пролет одолеваа и во поголем дел од второто полувреме.

Сепак, лидерот во македонската Суперлига додаде гас во одлучувачките десет минути и дојде до израз разликата во квалитет, па на крајот стигна до победа од плус шест гола на семафорот.

Вардар со триумфот од 30:24 стигна до шестата победа во плејофот и го задржа стопроцентниот учинок, а денеска посебно расположен за игра беше Тимур Дибиров со девет постигнати погодоци.

Денеска, се играше дерби и меѓу двата тима на Еурофарм Пелистер, во кое очекуванот првиот тим предводен од Бабиќ оствари победа од 28:21 со која продолжи да ја одржува негативата од три бода со Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни