Поврзете се со нас

АТП

Првиот тенисер што го победи Надал на Ролан Гарос: Барав начин како да се самоубијам…

Објавено

на

Робин Содерлинг е еден од тенисерите на кој дефинитивно добро се сеќаваат вистинските љубители на овој спорт, поточно оние кои со години ги пратат сите случувања.

Швеѓанецот беше еден од најдобрите светски рекети и беше првиот играч кој успеа да го победи Рафаел Надал на Ролан Гарос. Меѓутоа потоа се појави проблеми за него и мораше да ја заврши кариерата за да сега открие дека едно време се мачел со депресија и дури размислува, гледал и барал начини на интернет за да се самоубие.

-Бев многу вознемирen и воопшто не се чувствував добро. Седев дома, гледав наоколу и ништо не ми беше јасно. Најмали звуци ми носеа напади на паника. Сè ме пласеше и во еден момент на интернет барав различни начини да се самоубијам, -откри Содерлинг кој посочи колку е важно менталното здравје.

-Многу ретко се зборува за менталните проблеми што ги имаат големите спортисти и затоа го направив овој чекор напред и зборував за мојата состојба.

-На оние кои животот му го посветуваат на спортот, им велам да тренираат напорно, но да бидат опуштени. Од мојата позиција, можам да им кажам да го прават ако се чувствуваат удобно, а не заради притисок. Ако сте успешни, обидете се да ја задржите вистинската перспектива и да го намалите влијанието што го има врз вас. Ако успеете, сè ќе биде добро, порача Швеѓанецот кој своевремено беше 4 светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни