Поврзете се со нас

АТП

Првиот светски рекет планира да игра: Ѓоковиќ не ја завршил оваа сезона

Објавено

на

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ планира да настапи на уште некој турнир до крајот на оваа календарска година.

Србинот последниот меч го играше на Ју-Ес Опен каде загуби во финалето од Данил Медведев со што беше голем удар за него затоа што пропушти шанса да биде прв играч по Род Лејвер кој триумфирал на најзначајните настани во една година, но и да биде број еден тенисер по освоени пехари на грен слем сцената.

По Њујорк Ѓоковиќ се реши да не настапи на ниту еден турнир, па многумина помислија дека ќе остане мирен и воопшто нема да игра до крајот на 2020 година. Сепак ситуацијата е поинаква и Ноле сака да се врати на терените.

Ова го потврдија од неговиот тим, па останува да видиме дали тоа можеби ќе биде Мастерсот во Париз, тука е завршниот турнир во Торино, а опција е и Дејвис Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни