Поврзете се со нас

Англија

Првиот помошник на Клоп си најде квалитетен клуб за следната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп го очекува последниот натпревар на клупата на Ливерпул, а барем засега Германецот најави дека планира да се одмори од тренерската работа и вели дека не преговара со други клубови.

Затоа, неговиот прв помошник, Пеп Лијндерс не планира да прави пауза и во новата сезона ќе го преземе австриски Салцбург.

Холандскиот стручњак постигнал официјален договор со Салцбург, а во Австрија ќе работи заедно со Витор Матош, кој помина четири и пол години во Ливерпул.

Лијндерс пристигнал во Ливерпул во 2014 година како тренер на У-16 екипата, по што стана член на стручниот штаб на сениорскиот тим во 2015 година. По еден краток излет во НЕЦ Нијмеген, Лијндерс се врати како прв помошник на Клоп во сезоната 2018/19, а во 2019 година на стручниот штаб му се придружи и Матош кој дојде од Порто.

Салцбург сезонава се бори за титулата во Австрија со Штурм и ќе игра најмалку квалификации за ЛШ, додека австрискиот тим е сигурен патник и на Светското клупско првенство во 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни