Лига на шампиони
Првиот оперативец на легендарната генерација на Звезда: Голот на Панчев од Минхен беше најубав таа сезона
Десет дена пред да бидат одбележани 29 години откако Црвена Звезда со Илија Најдоски и Дарко Панчев во составот стана европски клупски шампион, тогашниот прв оперативец Владимир Цветковиќ во своето најново интервју за „Спортски Журнал“ се наврати на тој период и силниот тим на „црвено-белите“.
Решавачкиот пенал во финалето на Купот на европските шампиони против Олимпик Марсеј го постигна нашиот Панчев, а Цветковиќ вели дека тој момент останува највпечатлив од натпреварот одигран во Бари.
– Кога Панчев го даде тој гол од пенал, кога играчите се стрчаа еден кон друг, мислев дека ќе ми експлодира главата. Тоа е крајот, не постои нешто поважно и поголемо во спортот, стануваш европски првак, сосема доволно за еден живот, – изјавил Цветковиќ.
Тој истакнал уште еден гол на Панчев, овој пат тој од полуфиналето против Баерн, кој македонскиот фудбалер го постигна во Минхен. „Кобрата“ израмни, за подоцна Савиќевиќ да го комплетира пресвртот за конечни 1:2, а на реваншот во Белград тогашниот југословенски првак ремизираше со 2:2.
– Голем тим не може да се состави без специфични индивидуалци. Колку таа Ѕвезда беше посебна екипа говори голот на Дарко од Минхен, за мене тоа беше најубавиот и најинтересниот погодок.
– Aкцијата ја започна Роменецот со српско потекло – Белодедиќ, му ја додаде на Хрватот Просинечки, тој одлично му додаде во фор на Србинот Биниќ, кој трчаше и му нафрли на Македонецот Панчев. Прекрасно, – изјавил Цветковиќ за „Журнал“.
-
Балканпред 22 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 7 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки