Поврзете се со нас

НБА

Првиот момент: Како Јокиќ дозна дека е број еден во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Првата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ го доби признанието за најдобар играч во НБА лигата за оваа сезона.

Јокиќ одигра фантастично во регуларниот дел, не пропушти ниту еден од 72 натпревари и со учинок од 26, 4 поени и 10,8 скокови го предводеше составот од Колорадо до третото место во западната конференција.

Со ова Србинот стана првиот центар по легендарниот Шекил О’Нил кој ја добил наградата МВП, прв играч во историјата на Денвер со оваа титула, а воедно и кошаркар со најниска позиција на НБА драфтот (41. пик) кој се изборил да биде прогласен за најкорисен во најсилниот шампионат на светот.

Никола не знаеше дека токму него ќе му биде доделено признанието, беше изненаден, а најдобар доказ е првата негова реакција. Играчите на Денвер беа собрани, зборуваше тренерот Мајкл Мелоун по што се огласи НБА комесарот Адам Силвер кој ја соопшти убавата вест по што немаше некоја еуфорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни