Поврзете се со нас

Лига Европа

Првиот извлечен пар донесе „бомба“ во Лига Европа: Два европски шампиони ќе се „судрат“ уште на стартот (Фото)

Објавено

на

Foto: https://twitter.com/EuropaLeague

Фактот што Манчестер Јунајтед заврши втор во својата група во Лигата на Европа носеше ризик да добие силен ривал кој испадна од Лигата на шампионите, а уште првиот извлечен пар ова попладне во Нион ни го донесе она кое силно го посакуваа сите неутрални фудбалски фанови.

Золтан Гера како вип гостин ја извлече влечеше плеј-оф рундата во Лигата на Европа, а првиот пар го сочинуваат поранешните европски шампиони Манчестер Јунајтед и Барселона.

Двата великани ќе ги одмерат силите во понизок ранг на натпреварување, но само еден тим ќе продолжи понатаму и ќе може да се бори за трофејот во Лигата на Европа.

Третиот голем фаворит Јувентус мина подобро и го доби Нант за свој ривал во првата фаза во Лига Европа, а доста интересен и изедначен се очекува да биде дуелот меѓу Баер Леверкузен и Монако, односно и оној меѓу Севилја и ПСВ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни