Поврзете се со нас

Свет

Првиот европски трофеј во историјата на Грција донесе незаборавна фешта во Атина (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/olympiacosfc

Олимпијакос вчеравечер ја освои првата европска титула во својата историја и воедно стана првиот грчки клуб кој остварил таков голем успех, па воопшто не чуди фактот што големата армија навивачи на овој клуб го славел триумфот до раните утрински часови.

Финалето во Конференциската лига беше решено во 116-та минута и голот на Ал Каби донесе историја за Олимпијакос, а фештата која настана на стадионот, брзо се префрлила и на улиците во главниот град.

Илјадници навивачи на Олимпијакос буквално го „запалиле“ градот со пиротехника во ноќта за паметење за грчкиот фудбал, нешто што само уште еднаш потврдува дека Грците се големи фанатици за фудбалската игра.

Оваа земја доживува навистина големи спортски денови, бидејќи изминатиот викенд со титулата европски шампион се закити и кошаркарскиот клуб Панатинаикос.

Дефинитивно, Грците имаат далеку поголема традиција кога е кошаркатата во прашање, па затоа овој прв историски трофеј на фудаблски план се доживува уште поспектакуларно во Атина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни