Поврзете се со нас

Европски првенства

Првиот човек на судиската комисија на УЕФА: Голот на Холандија е правилно поништен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OnsOranje

Групната фаза на ЕП во Германија донесе и неколку контроверзни моменти, односно судиски одлуки за кои имаше коментари и за кои дел од репрезентациите сметаа дека имале негативене ефект врз нивниот пласман.

Првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, коментирал дел од тие одлуки, меѓу кои и поништениот гол на Холанѓаните на дуелот со Франција.

Истиот беше поништен поради офсајдот на Дамфрис кој беше во близина на Мајк Мењан при ударот на Чави Симонс, а Росети дека тоа било правилна одлука.

– Ја слушнав целосната комуникација меѓу судиите и донесена е правилна одлука, – рекол Росети.

Италијанецот истакнал дека комисијата била задоволна од донесената одлука, иако процесот на одлучување бил спор, но тоа било условено од повеќето можни спорни позиции на дел од фудбалерите и голманот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни