Поврзете се со нас

Шпанија

Првиот човек на Реал Сосиедад ја откри иднината на Одегард: Тој нема да…

Објавено

на

Норвешкиот репрезентативец Мартин Одегард игра одлично во дресот на Реал Сосиедад оваа сезона.

Младиот фудбалер настапува за баскискиот клуб како позајмен играч од редовите на Реал Мадрид.

По неговите одлични игри во Сосиедад се очекуваше тој следната сезона да се врати на „Бернабеу“ и за прв пат да добие шанса во првиот тим на клубот, но сепак тоа нема да биде така.

Претседателот на Реал Сосиедад, Јокин Аперибај потврди дека Одегард ќе остане во клубот и следната сезона затоа што двата клуба имале таков договор.

– Мисам дека Одегард ќе остане во Сосиедад. Тоа е она што верувам и се надевам дека ќе се случи.

– Доколку сакаш да останеш во Сосиедад мора да си убеден во тоа, исто како што бевме убедени минатата година кога го донесовме. Бевме убедени дека е најдобра опција за нас.

– Конечната одлука ќе биде на него, но јас мислам дека дефинитивно ќе остане, -изјави Аперибај за „Радио Еускади“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни