Поврзете се со нас

Шпанија

Првиот човек на Рајо повреден од одлуката на Димитриевски: Не сме глупави, ставам глава дека веќе потпишал со Валенсија

Објавено

на

Foto:x.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски вчера за последен пат беше дел од протоколот на еден натпревар кој го игра Рајо Валјекано, бидејќи во Шпанија веќе на големо се пишува за неговиот договорен премин во Валенсија.

Добро информираните шпанските медиуми од околината во Валенсија открија дека Столе веќе ставил потпис со клубот од „Месталја“, а овие информации ги потврди и првиот човек на Рајо Валјекано, кој сепак искажа и мала разочараност од однесувањето на македонскиот голман.

Мартин Преса во интервју за „ДАЗН“ посочи дека Димитриевски во ниту еден момент не сакал да ја прифати понудата од Рајо Валјекано, па затоа и не инсистирале во преговорите со неговите претставници.

– Димитриевски не сакаше да остане во Рајо Валјекано. Не се работи за економски причини, Рајо направи се што е во негова моќ да го задржи. Тој преферираше да биде дел од друга институција и тоа е што е. Беше исто како вие да сакате некого, но не добивате никаква реакција од другата страна. Не сакаме да имаме таков играч, ние ги сакаме оние кои сакаат да бидат со нас.

– Ние не сме глупави. Мене не ми кажал ништо лично, но би си ја ставил раката и главата во игра дека се договорил со Валенсија и дека договорот е веќе потпишан. Како и да е, тој беше професионалец до последен ден и сакаме да му се заблагодариме за таквиот пристап, иако ни е малку жал што не останува со нас, – изјавил Мартин Преса.

Столе вчера не доби шанса на натпреварот со Атлетик Билбао, што доволно говори дека раководството на клубот не е баш задоволно што ќе го загуби својот прв голман без никаква отштета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни