Поврзете се со нас

Франција

Првиот човек на ПСЖ со јасен став за иднината на Мбапе

Објавено

на

Низ светската фудбалска јавност често се пишува за иднината на еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, Килијан Мбапе.

Играчот на ПСЖ долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а според многумина фудбалски аналитичари само прашање на време е кога таквиот трансфер ќе се случи.

Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи во интервју за „Л’Екип“ истакна дека клубот не планира во никој случај да се ослободи од играчот на кого му се предвидува блескава иднина.

– Ќе бидам јасен, Килијан Мбапе ќе остане овде во ПСЖ, никогаш нема да го продадеме и тој никогаш нема да го напушти клубот како слободен агент. Невозможно, -изјави Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни