Поврзете се со нас

Олимписки игри

Првиот човек на МОК: Боксерките Хелиф и Лин се родени и израснати како жени…

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/COAlgerie

Првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах го осуди говорот на омраза упатен кон боксерките Имане Хелиф од Алжир и Лин Ју Тинг од Тајван.

Во последните денови доста се говори за двете боксерки, поточно се расправа за нивниот пол.

Двете беа дисквалификувани од Светското првенство во Индија минатата година, откако Меѓународната боксерска федерација соопшти дека нивните резултати за полот биле неодредени, ама не доставиле документација.

-Нема да учествуваме во политички мотивирана… културна војна. И двете боксери се родени и израснати како жени, во пасошот им стои дека се жени и со години се натпреваруваат како жени. Некои сакаат да бидат сопственици на дефиницијата за тоа што е жена – истакна Бах.

Хелиф и Лин се натпреваруваа и на Олимпијадата во Токио, ама не освоија медал. Боксерката од Алжир се пласираше во второто коло на олимпискиот турнир во Париз, по 46 секунди се предаде Италијанката Анџела Карини.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни